Имаат друг план за него: ПСЖ не сака да ја активира клаузулата за продолжување на договорот со Меси!

4319

Лионел Меси се пресели во ПСЖ како слободен играч од Барселона во летото 2021 година. Аргентинецот има договор со францускиот шампион до крајот на оваа сезона и веќе на големо се зборува за тоа каде овој фудбалски волшебник би можел да ја продолжи кариерата.

Во актуелниот договор кој Меси го има со ПСЖ има клаузула која клубот од Париз може да ја активира за автоматски да го продолжи договорот на уште една сезона, но челниците на ПСЖ не планираат да го направат тоа.

Шпански „Спорт“ пишува дека споменатата клаузула нема да биде активирана и ПСЖ на Лионел Меси ќе му понуди нов договор на две години, односно до летото 2025 година.

ПСЖ е свесен дека Лионел Меси е предност и од фудбалска гледна точка, особено сега кога се чини дека ги надмина проблемите со кои се соочи во првата сезона во Париз, но особено од маркетиншки аспект.

Намерата на ПСЖ е да го „користи“ имиџот на Лионел Меси во остатокот од кариерата и да се надева дека ќе го убеди фудбалерот да ја заврши кариерата во Париз.

ПретходноВерстапен прв пат на пол позицијата во Мексико
СледноКари промаши тројка за победа, Дончиќ се прогласи за виновен и покрај трипл-даблот (ВИДЕО)