Инзаги со историско постигнување со Интер

140

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги со победата над Сампдорија со 3:0 влезе во историјата на миланскиот клуб. Неговиот тим постигна гол(ови) во 24 натпревар по ред во Серија А. А само еден тренер во историјата на „нероаѕурите“ може да се пофали со такво постигнување и тоа е Џулио Капели во периодот од ноември 1949 до април 1950 година.
Последниот меч на кој Интер не успеал да ја затресе противничката мрежа беше ремито без голови со Џенова на 25 февруари оваа година. Во серијата од 24 меча, дури 17 пати постигнале по еден гол, два пати ремизираа и изгубија пет пати.

ПретходноМукаетов со едноставно барање до ракометарките: Треба да дадете сѐ од себе и да се борите до крај!
СледноХрватска мора со друг голман на СП, Калиниќ го повреди коленото