Продолжува агонијата на Тетекс, продолжуваат “штофарите“ со катастрофални игри и пред се резултато сезонава во ВМФЛ. Денеска во Велес, во последниот меч од 10.коло, Тетекс како домаќин загуби од Слога Виница со 0:3, па со тоа продолжи да паѓа на табелата во второлигашката конкуренција.
Стрелци на головите за виничани беа Емир Хусеиновски во 37. и 71. минута, како и Иван Мицевски во 45.минута.