Калин го покажа вториот сингл-трофеј: Одиме понатаму со напорна работа! (ФОТО)

349

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, денеска во Ираклион ја освои својата втора сингл титула. Тој го освои турнирот без загубен сет и покажа дека се наоѓа во одлична форма.

По финалниот дуел Калин на социјалните мрежи им се заблагодари на сите фанови за поддршката која ја добива.

„Задоволен сум од перформансите кои ги покажав во финалето. Продолжуваме понатаму со напорна работа. Голема благодарност до семејството за љубовта и поддршката“, напиша Ивановски на Инстаграм, каде се фотографираше и со пехарот освоен во Ираклион.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kalin Ivanovski (@kalin_ivanovskii)

ПретходноФит Фан Волеј ја прослави и третата победа, Струмица денеска кај Сушево
СледноПолувреме: Мајсторија на Укпа, конечно и Сандеј даде гол, Работнички води во Струмица, води и Тиквеш (ВИДЕО)