Кари промаши тројка за победа, Дончиќ се прогласи за виновен и покрај трипл-даблот (ВИДЕО)

153

Актуелниот НБА првак, Голден Стејт по продолжение беше поразен од Шарлот со 120-113. Стеф Кари запиша дабл-дабл од 31 поен и 11 скока, но во регуларниот дел промаши тројка за победа. Дуелот отиде во продолжение, а таму подобар беше Шарлот.

Вашингтон со 31 поен ги предводеше Хорнетси, добро го пратеше Хауард со 23 поени.

Лука Дончиќ го запиша 48 трипл-дабл, но за жал не успеа да му помогне на својот тим да дојде до победа. Далас неочекувано беше поразен од Оклахома со 117-111 после продолжение. Тандерси токму по регуларниот дел постигнаа нестварни 18 поени.

И покрај 31 поен, 16 скока и 10 асистенции, Дончиќ не може да биде задоволен, бидејќи тимот со него на теренот имаше 25 поени негатива, Словенецот имаше лоша реализација. Од игра имаше 30% (погоди само осум од 23), а додека пак од линијата за три поени не погоди ниту еднаш од шест обиди. Во последните три меча имаше четири постигнати тројки од 26 обиди.

„Поразот е мој. Не го водев тимот како што треба, не погодував. Не го направив она шшто е потребно за да дојдеме до победа“, порача Дончиќ по мечот.

Резултати: Шарлот – Голден Стејт 120-113 (прод.), Бруклин – Индијана 116-125, Чикаго – Филаделфија 109-114, Далас – Оклахома 111-117 (прод.), Милвоки – Атланта 123-115, Јута – Мемфис 124-123.

ПретходноИмаат друг план за него: ПСЖ не сака да ја активира клаузулата за продолжување на договорот со Меси!
СледноТурските медиуми тврдат: Ливерпул го сака Елмас уште во јануари!