Кузмановски и Хановер испуштија сензација против Рајн Некар

205

Македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски и неговиот Хановер одиграа одличен натпревар на гостински терен кај големиот фаворит Рајн Некар, но за жал не успеаја да се вратат со целиот плен. Беа поразени со 33-32 во рамките на деветото коло во Бундес-лигата.

За Хановер ова беше трет пораз оваа сезона, со шест победи се наоѓаат на седмото место на табелата.

Ова беше доста израмнет натпревар, гостите поведоа со 1-3 до полувремето се играше гол за гол, а подобар беше токму тимот на Кузмановски (13-14). Веќе во вториот дел Хановер поведе со плус четири (15-19), истата предноста ја имаше и на двапати. По последните 20-24, домашниот состав успеа да дојде на минус еден, а потоа да израмни 28-28. Хановер застана, а Рајн Некар казни за победа.

Кузмановски мечот го заврши со еден гол од два обиди.

ПретходноМихаилов: И покрај примениот гол, знаев дека ќе се вратиме
СледноВо Бруклин врие како во котел: Играчите се караат на теренот, па потоа врескаат во соблекувалната