Маестро Макс со рекордна 14. победа сезонава, ги надмина Фетел и Шумахер!

157

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен триумфираше и на ГП на Мексико и со тоа стигна до 14. победа во Ф1 шампионатот сезонава со што ги надмина легендите Себастијан Фетел и Михаел Шумахер кои останаа со 13. победи во една сезона.
Верстапен кој стартуваше од пол позицијата успеа да мине прв низ целта, пред Луис Хамилтон од Мерцедес, а трет на подиумот се искачи миленикот на домашната публика Серхио Перез.

Возачите на Ферари, Сајнц и Леклер завршија на петтата односно шестата позиција.

До крајот на шампионатот во Ф1 останаа уште две трки, а првата е за две седмици кога ќе се одржи ГП на Бразил во Сао Пауло.

ПретходноMилан поразен во Торино, тоа е супер вест за Наполи (видео)
СледноБетис победи во Сан Себастијан прв пат по 2003 година! (видео)