Македонија казнета со 10.000 евра за исвиркување на бугарската химна!

275

 

Позната е казната од страна на УЕФА за ФФМ поради настаните на мечот меѓу Македонија и Бугарија кој се одигра на 26 септември во Скопје. Имено 10.000 евра е казната за исвиркување на химната на Бугарија и 4.500 евра за фрлање на предмети на теренот. Значи вкупно 14.500 евра ќе треба Фудбалската федерација на Македонија да плати за се она што се случуваше на мечот кој предизвика многу внимание, но и реакции во двете земји.

Тодор Тодороски, нашиот репрезентативец кој доби црвен картон на тој натпревар ќе мора да пауизира на еден натпревар.

ПретходноБетис победи во Сан Себастијан прв пат по 2003 година! (видео)
СледноНова брутална партија на Дончиќ, Јокиќ не беше доволен – Лејкерси до прва победа (ВИДЕО)