Денес на Светското Првенство во Коња Р. Турција, Настапија двајцата наши натпреварувачи кој во финалето во категорија -84 кг настапи Витомир Трајковски против италијанецот Фиоре Матео иако го даде својот максимум не беше доволно да извојува победа и да освои златен медал , на крај резутатот заврши 4-1 за италианскиот репрезентативец .
Витомир Трајковски е вицешапион на Светот во карате во својата категорија . Веднаш по него и вториот наш натпреварувач Стефан Стојановиќ во категорија +84 кг изгуби од репрезентативецот на Саудиска Арабија Суфјани Санад со резултат од 6-1 , тој го освои високото второ место сребрен медал на ова Светско Првенство .
Овој резултат е до сега најдобриот резултат во категорија У21 и воопшто на светските првенства каде што настапила Македонија два медали сребрени со што сме на високата 20 позиција од вкупно 1800 натпреварувачи и вкупно 105 земји од целиот свет .
На ова првенство нашиот Судија Раде Стефановски се здоби со најголемата Светска судиска лиценца во Кати и во Борби што е уште еден показател дека КФМ работи успешно со сите тела и комисии и затоа со право го носи епитетот една од најдобрите национална федерација во Македонија.
Целиот тим на Карате Федерација на Македонија е задоволен од историскиот резултат и потенцираа дека се очекуваше злато. Но не се застануваме тука, се очекува мнногу работа наредната недела Балканско првенство во Бар Црна Гора и веднаш после тоа ќе следат подготивките за за Европското првенство другата година во Кипар 2023 .
Натпреварувачите и целата делегација беа на висина на својата задача мотивирано и сите заедно сложно до крај дадоа подршката во остварување на конечниот резултат .