Македонските каратисти со историски резултат на Светското првенство во Турција (ФОТО)

1188

На 12-то Светско Првенство за кадети, јуниори и У 21 во карате, Македонија направи историски резултат, двајца наши спортисти се пласираа во финале во У 21. Станува збир за Витомир Трајковски во категорија – 84 кг. и Стефан Стојановиќ во категорија + 84 кг .

Селекторот на репрезентацијата за У 21 Александар Кузмановски е задоволен од постигнатиот успех и очекува златни медали, да се пее македонската химна и да се вее нашето знаме на највисокиот јарбол во Коња, градот домаќин на Светското првенство.

„Оваа генерација ветува многу заедно со селекторите Дејан Ристески и Берат Јакупи имавме подготовки во Скопје и во Дојран со целиот национален тим каде атмосферата помеѓу репрезентациите се подигна на највисоко ниво и мотивот за постигнување на резултат.

Имаме пласмани како 7, 9 место и во борби и во кати но сега сме насочени кон златен медал зошто тоа го очекува таборот на цела КФМ. Нашата цело заедно со Карате Федерација на Македонија беше и ја постигнавме, а тоа е континуитетот на постигнување на спортски резултати од карате спортот кој е и најтофеен спорт во Македонија и најдобра национална федерација која за ова првенство максимално ги подржа сите натпреварувачи да отпатуваат и да настапат на целосен финансиски трошок на КФМ.

Институциите на спорт во Македонија треба да го поздрават овој успех и да дадат максимална финансиска подршка поради фактот што ова Светско Првенство имаше 105 земји од цел свет и вкупно 1800 натпреварувачи. А Македонија го постигна најголемиот спортски резултат во рамките на карате спортот во оваа категорија и воопшто во целиот спорт во Македонија“, велат од Карате федерацијата на Македонија. 

ПретходноХоган Укпа: Ветувам дека против Брегалница ќе одиграме подобро отколку на последниот натпревар!
СледноПМФЛ: Силекс против забревтаната Шкендија, Шкупи на гости во Ѓорче, Работнички сака да ја продолжи мизеријата на “пандевци“…