Работнички денеска на гостувањето кај А. Пандев успеа да победи со 0:2, со головите на Рушевиќ и Гандо, и со тоа да освои големи три бода. Од овој триумф и секако сите три бода своето задоволство го изразува и стратегот на “романтичарите“ Милан Илиевски кој за “Спортмедиа“ истакна:
“Големи три бода за Работнички, многу важна победа, но далеку од тоа дека се беше идеално.Најважна е победата, но мене ме импресионира и енергијата и желбата на момците кои ја посакуваа победата и ете, дојдоа до неа. Затоа честитки, тука нема дилеми. Сепак треба да сфатат дека мора да бидат попаметни и да си докажат себе си дека нивните имиња не заслужуваат да бидат каде што се сега на табелата“ посочи Илиевски.