Михаилов: И покрај примениот гол, знаев дека ќе се вратиме

360

Тимот на Силекс, и по ова најново ПМФЛ коло и ремито против Шкендија 1:1 на домашен терен покажа дека се што одигра до сега во шампионатот е целосно заслужено. Бодот кој денес е освоен е плод на добра игра, тактичка добра поставеност, и силно темпо во текот на сите деведесет минути, по што статусот на непоразен против еден од најдобрите тимови во лигата е сосема реален.

„Честитики до целиот табор на ФК Силекс. Одлично се подготвивме за овој меч, мислам дека резултатот е реален, и Шкендија и ние имавме свои моменти на овој меч што се однесува до играта. Сигурен бев дека и покрај примениот гол дека ќе се вратиме во игра, успеавме во тоа. На крајот имавме и некакви шанси за целосен триумф, но ги имаше и Шкендија што ќе рече дека ремито е најреален исход на овој дуел. Сите оние кои го следеа денешниот меч во Кратово, мислам дека треба да бидат задоволни затоа што ова беше дуел со многу темпо, шанси, интензитет, и мислам дека и двата тима не заслужија да загубат денеска“ – изјави за Спортмедиа, тренерот на Силекс, Горад Михаилов.

ПретходноДоеки за радост на Унион Берлин во осмата минута од продолжението
СледноКузмановски и Хановер испуштија сензација против Рајн Некар