Натпревар го голем број на поени, поточно налик на НБА-лигата. Пелистер и Струмица го затворија четвртото коло во Првата лига, а заедно постигнаа 215 поени. Победник излезе тимот од Битола, кој славеше со 114-101 и дојде до третата победа оваа сезона.
Избраниците на Марјан Илиевски беше доминантен во првите три четвртини, ја имаше контролата на мечот, на крајот заслужено се радуваше на бодовоуте. Поведе со 30-25 по првата четвртина, на одморот водеше со 54-45, додека пред стартот на последната четвртина имаше предност од 86-67.
Хаџифејзовиќ со 31 поен и овој пат беше лидер, зад него беше Карутерс имаше 23 поени. Кај Струмица, Крстајиќ запиша 20 поени.
Претходно Кожув на домашен терен го совлада Чаир 2030 со 99-83. Гордон со 25 поени и 10 скока, зад него беше Хантер со 22 поени и седум скока. На другата страна Мохамед имаше 31 поен и 13 скока.