Сосема очекувано, па и разбирливо. Александар Васоски не е веќе тренер на А. Пандев. Тој веднаш по денешниот пораз од Работнички со 0:2 си поднесе оставка од местото шеф на струката на “пандевци“. Откако се врати во Струмица, тој во изминатите пет меча како тренер на тимот не успеа да дојде барем до една победа.
“Ја преземам одговорноста по денешниот пораз и по серијата лоши резултати. Си поднесувам оставка, а на клубот А. Пандев му посакувам се најдобро“ истакна Васоски за „Спортмедиа“.