ПМФЛ: Самаке во 90+1.минута ги спаси„лавовите“, Работнички ја „демолира“ А. Пандев, реми во Кратово и Струга, триумф на Тиквеш

522

Завршија сите пет натпревари од 13.коло во ПМФЛ. Во Ѓорче во дербито на Скопје, Македонија ЃП и Шкупи одиграа 1:1. Шампинот со голот на Адетунџи во првиот дел успеа да поведе. И така беше се до 90+1.минута кога Самаке со супер гол успеа му донесе бод на својот тим.

Интересно беше во Струга. Лидерот поведе со голот на Укпа, фантастичен гол од 30 метри. Потоа гостите направија пресврт со головите на Ѓорѓиев и Ристевски, за да Ибраими сепак успеа да му донесе бод на својот тим.

Во Кратово со голот на Дориев екипата на Шкендија поведе, но сепак Обадовиќ израмни за конечни 1:1. Нема шеста победа на гости сезонава за тимот од Тетово во шестиот меч.

Работнички просто ја демолира Брегалница. Повбеда од 0:2 и тоа со головите на Рушевиќ и Гандо, откако претходни Алими ја погоди пречката на домашните кои продолжија со својата мизерија.

И во Кавадарци тимот на Тиквеш со голот на Карчески успеа да освои големи три бода совладувајќи ја Победа.

РЕЗУЛТАТИ – 13.КОЛО

А.ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ 0:2

(/Рушевиќ 19, Гандо 74.)

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ 1:1

(Самаке 90+1/Адетунџи 45.)

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА 1:1

(Обадовиќ 68./Дориев 59.)

СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА 2:2

(Укпа 22., Ибраими 79. /Ѓорѓиев 24., Ристевски 52.)

ТИКВЕШ – ПОБЕДА 1:0

(Карчески 37.)

СКОПЈЕ (СЛОБОДНО)

 

 

May be an image of 2 people, people playing sports and grass

ПретходноАталанта со три бода од гостувањето кај Емполи! (ВИДЕО)
СледноМакедонија со две сребра од СП во карате во Коња! (ФОТО)