Завршија првите полувремиња од петте натпревари од 13.коло во ПМФЛ. Во Струга, каде домашниот состав на Струга ТЛ игра со Брегалница, резултатот е 1:1. Прво Хоган Укпа со “бомба“ од 30 метри постигна фантастичен гол за 1:0 за домашните во 22.минута, но неполни две минути подоцна Ѓорѓиев израмни на 1:1.
Работнички води во Струмица кај А. Пандев со голот на Рушевиќ и по киксот на Алчевски.
Тиквеш со голот на Карчески води против Победа, а во Ѓорче со голот на Адетунџи, прв сезонава, има водство на гости кај Македонија ЃП.
На дербито во Кратово каде играат Силекс и Шкендија нема голови.