Тимот на Реал Мадрид, на огромно изненадување попладнево не успеа да слави на домашен терен против тимот на Гирона и одигра само 1:1.
И покрај огромната фавористка улога, Мадрид сепак, не успеа да освои три бода, и ова е еден од најголемите киксеви до сега сезонава.
Винициус Жуниор во 70. минута конечно го „скрши мразот“ на противникот и го доведе Реал во водство, но во 80. минута Стуани од пенал израмни на 1:1. Голот на Родриго требаше да донесе конечен триумф за домаќинот, но ВАР го поништи неговиот гол. „Капак на се“, Тони Крос во последната минута од мечот го заработи првиот црвен картон во кариерата.