Ристовски за предизвикот со Челзи: Тие се европски шампиони, но ќе се бориме до крај!

82

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски, по вчерашниот пораз во хрватскиот шампионат на мечот со Осијек со 1:0, што беше прв пораз за Динамо оваа сезона, вели дека една од причините беше и лошите услови за игра. Натпреварот се одигра во тешки услови со густа магла што го отежнуваше текот на мечот.

„Условите беа такви какви што беа, и за нив и за нас. Судијата реши да се игра и тоа е тоа. Не ни одговара да се жалиме, ќе продолжиме, ние сме Динамо, мора да прифатиме и порази, а веќе имаме тежок натпревар следната недела, па ако сте вистински спортист, мора да го прифатите ова и да продолжите веднаш“, вели Стефан.

Динамо веќе во среда го чека тешко гостување кај Челзи во последната рунда од ЛШ. Ако успее да слави, а РБ Салцбург да загуби од Милан, „модрите“ ќе го освојат третото место и ќе се пласираат во нокаут фазата од Лига Европа.

„Се надевам дека луѓето разбираат дека ова е европски шампион. Се надевам дека ќе ги покажеме нашите вистински сили, ќе се бориме, а потоа ќе видиме каков ќе биде резултатот. Се надевам дека сите ќе излеземе живи и здрави и ќе ги завршиме последните три натпревари како што треба“, изјавил Ристовски.

ПретходноПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Првото дерби за Баскет Кам!
СледноГолгетери со „тапија“: Левандовски и Халанд постигнаа пола од сите голoви на Барса и Сити оваа сезона!