Турските медиуми тврдат: Ливерпул го сака Елмас уште во јануари!

415

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас повторно е во центарот на вниманието. Турските медиуми, кои често пати знаат да пласираат информации кои не се веродостојни, овој пат открија дека Елмас во јануари може да се пресели во Премиер-лигата, поточно ќе го облече дресот на Ливерпул.

Според нив, премиер-лигашот планира да испрати понудата до македонскиот репрезентативец и неговиот тим. Елмас оваа сезона ретко се наоѓа во стартниот состав на Наполи, па токму тоа е една од причините поради која би можел да ја напушти Серија А.

И раководството на клубот е отворено за преговори, но само доколку заинтересираната страна испрати добра понуда.

Елмас оваа сезона одигра 15 натпревари, десет во серија А и пет во Лигата на шампиони, постигна еден гол. Во својата кариера во дресот на Наполи одигра 141 меч, постигна 12 гола и запиша 8 асистенции.

Дали навистина Елмас ќе си оди во јануари, останува наскоро да видиме.

ПретходноКари промаши тројка за победа, Дончиќ се прогласи за виновен и покрај трипл-даблот (ВИДЕО)
СледноХоган Укпа: Ветувам дека против Брегалница ќе одиграме подобро отколку на последниот натпревар!