Очигледно е дека Удинезе и тоа како паѓа во формата. Тимот од Удине попладнево одигра само 0:0 кај “фенерџијата“ Кремонезе, треба да се каже дека Делофеиу беше трагичарот со промашени три зицери од кои последниот во последните секунди од мечот.
Илија Несторовски одново ја “грееше“ клупата, не доби шанса да настапи на овој натпревар.
Но затоа на мечот Специја – Фиорентина видовме дтри голови. Триумф на гостите со 1:2.
Миленковиќ во 14.минута донесе водство на Фиорентина, Нзола во 35.минута израмни а победата на “Виола“ ја донесе Кабрал во 90.минута.