Фит Фан Волеј ја прослави и третата победа, Струмица денеска кај Сушево

127

Одбојкарскиот шампион во машка конкуренција, екипата на Струмица Никоб, денеска на гости кај Сушево ќе го одигра својот втор сезонски меч на домашната сцена. Струмица е апсолутен фаворит на средбата и без поголеми проблеми треба да ги запише новите три бода.

Кај мажите вчера се одиграа две меча во кои фаворитите се „прошетаа“ до бодовите. Шкендија имаше лесен тренинг со Македонија Џио, а слично помина и Весна Пробиштип на гостувањето кај „новајлијата“ Петровец.

ПРВА ЛИГА (М) – 3. КОЛО

Шкендија – Македонија Џио 3:0 (25:8, 25:13, 25:13)

Петровец – Весна Пробиштип 0:3 (11:25, 16:25, 12:25)

Сушево – Струмица Никоб (денеска 18:00)

Лирија – Штип УДГ (понеделник 19:00)

Универзитет во Тетово – Либеро (вторник 20:00)

Кај дамите видовме еден одличен дерби меч во Струмица, каде годинава одличниот состав на Фит Фан Волеј ја прослави и третата сезонска победа. Скопјанките беа подобри од домаќинот во четири сета, исполнети со многу неизвесност до самиот крај. Јанта Волеј и Наковски Волеј со максимални 3:0 ги добија дуелите со Македонија Макс и Вардар 2019.

ПРВА ЛИГА (Ж) – 4. КОЛО

Јанта Волеј – Македонија Макс 3:0 (25:21, 25:15, 25:18)

Струмица – Фит Фан Волеј  1:3 (16:25, 25:21, 23:25, 20:25)

Вардар 2019 – Наковски Волеј 0:3 (24:26, 15:25, 20:25)

Работнички – Вардар ЕМ (одложена)

ПретходноГолгетери со „тапија“: Левандовски и Халанд постигнаа пола од сите голoви на Барса и Сити оваа сезона!
СледноКалин го покажа вториот сингл-трофеј: Одиме понатаму со напорна работа! (ФОТО)