Фламенго го освои Копа Либертадорес: Габигол му ги расипа пензионерското славје на Сколари

164

Фламенго славеше над Атлетико Паранаенсе со 1-0 и е новиот освојувач на Копа Либертадорес. Најпопуларниот клуб во Бразил ги победи своите сонародници во финалето одиграно во Гвајакил. Стрелец на единствениот гол беше Габриел Барбоса.

Напаѓачот постигна гол во дополнителното време во првото полувреме, а пред тоа Педро Енрике од Атлетико ПР беше исклучен поради втор жолт картон.

Фламенго го освои најпрестижното клупско признание во Јужна Америка по третпат во својата историја по оние од 1981 и 2019 година.

Легендарниот Луис Фелипе Сколари, кој го предводеше Атлетико Паранаенсе, двапати го освои Копа Либертадорес, во 1995 година со Гремио и 1999 година со Палмеирас и не успеа со трет трофеј да замине во најавената пензија.

ПретходноГвардиола има зошто да биде загрижен за Ерлинг Халанд!
СледноДерби во Кавадарци и во Охрид, домаќините по „одмазда“!