Чудо во Шведска: Хакен прв пат во историјата стана шампион!

544

Екипата на Хакен е новиот шампион на Шведска по денешната висока победа со 4:0 во градското дерби со Гетеборг. На коло пред крајот популарните „oси“ имаат 63 бода или девет повеќе од второпласираниот Ѓургарден кој има и меч помалку. Моментално имаат скор од 18 победи, 9 ремија и 2 порази.
Хакен е 20-тиот различен шампион во историјата на најсилната шведска лига. Клубот е формиран во 1940 година, два пати бил освојувач на националниот Куп, а еднаш бил и вицешампион (во 2012 година). Оваа година имаа импресивен настап, а освен титулата си обезбедија и место во квалификациите за ЛШ.

Инаку во Хакен настапува и македонски младински репрезентативец, тоа е Филип Трпчевски. Тој е роден во Гетеборг, игра како крилен фудбалер, а игра за У19 екипата на Хакен, а има настапи и за првиот тим.

Голем дел од заслугите одат на сметка на тренерот Пер-Матијас Хогмо, поранешен селектор на Норвешка. Тој го презеде тимот во јуни 2021 година кога беше на последното, 16 место на табелата. Успеа да го крене од дното и да го направи шведски првак.

FOTO> https://twitter.com/bkhackenofcl

ПретходноМакедонското знаме се вееше во Манхајм (ФОТО)
СледноАнчелоти: Судиите „измислија“ пенал, немаше игра со рака