Се играше 90+1.минута, и се беше идеално за шампионот, за тимот на Шкупи, сите три бода беа архивирани, но тогаш Самаке со фантастичен полу – волеј ги расплака чаирчани. Македонија ЃП – Шкупи 1:1 е крајниот резултат од оваа градска пресметка.
Интересно, возбудливо дерби на кое можеше да се види добар фудбал, два гола и повеќе шанси, како и првиот гол на Сандеј Адетунџи, голгетерот од минатата сезона.
Нема што, чаирчани испуштија два златни бода во битката за титулата.