Џани подобар од Етеми на негов терен

191

Македонските интернационалци Валон Етеми и Езџијан Алиоски предмалку ја завршија својата меѓусебна пресметка во која Џани излезе како победник со својот Фенербахче на гостувањето кај Истанбулспор со конечни 2:5.

Звезда на вечерта е Мичи Бачуаи кој постигна хет трик, а на тоа додаде и асистенција. За домаќинот двоен стрелец Топали.

И Етеми и Алиоски се најдоа во стартните состави на двата тима, со тоа што Алиоски го заврши својот настап во 66. минута.

 

ПретходноДен за раванш: Охриѓани го решија Бутел Скопје!
СледноНБА во Битола-  паднаа 215 коша!