Екипата на Торино по триумфот над Удинезе во гости, сега успеа да го совлада и актуелниот шампион Милан и со тоа да врзе две победи сезонава. Вечерва во 12.коло „биковите“ со 2:1 ги победија „росонерите“ со два гола за две минути во првото полувреме.
Прво погоди Џиџи во 35. минута, а по него мрежата ја затресе и Алексеј Миранчук. На стартот на второто полувреме тренерот Стефано Пиоли направи тројна замена за да ги раздрма своите момци, а тоа вроди со еден гол во 67. минута на Месиас. До крајот резултатот не се менуваше.
Милан го запиша вториот пораз сезонава, па е на третото место со 26 бода, еден помалку од второпласираната Аталанта и шест помалку од лидерот Наполи.
Торино е на деветтото место.