Во Бруклин врие како во котел: Играчите се караат на теренот, па потоа врескаат во соблекувалната

159

По вчерашниот скандал со антисемитските постови на социјалните мрежи од страна на Кајри Ирвинг, синоќа нов инцидент со кошаркарите на Бруклин Нетс. Тимот има очаен старт сезонава со шест порази во воведните седум натпревари, што веројатно ја крева тензијата и на теренот и во соблекувалната.

Синоќа по поразот на домашен терен против Индијана Пејсерс, тренерот Стив Неши, но и дел од играчите почнаа расправии уште на теренот, кои подоцна продолжиле и во соблекувалната.

„Ова беше катастрофа. Како друго можете да го наречете ова? Не видов желба, не видов волја, не ја видов врската што е потребна за да се игра одбрана и да се добијат скокови. Мораме да се фокусираме повеќе на кошарката“, рече тренерот Стив Неш и додаде:

„Тие се расправаат, разговараат меѓу себе за лоши одбрани во одбраната и недостаток на комуникација. Едноставно, имаме премногу грешки, а понекогаш се чини дека не се трудиме доволно. Не е се во тактиката, понекогаш е и во борбата“.

Сличен став има првата ѕвезда на тимот, Кевин Дурент.

„Ова беше посрана ноќ. Ние сме лути. Ја сакаме кошарката, сакаме да победуваме и секако има зголемени страсти во соблекувалната по поразот“, рече Кевин Дурант, потврдувајќи за расправиите меѓу кошаркарите во соблекувалната.

ПретходноКузмановски и Хановер испуштија сензација против Рајн Некар
СледноРеал со голем кикс проти Гирона (ВИДЕО)