Дерби во Кавадарци и во Охрид, домаќините по „одмазда“!

82

Вечерва ќе биде комплетирано осмото коло во Супер-лигата. На програмата се два дерби дуели за третото место на табелата во групите А и Б.

Во салата „Јасмин“ во Кавадарци, Тиквеш го пречекува Е.Пелистер 2. Гостите имаат 16 бода, три повеќе од домашниот состав. Битолчани направија изненадување му земаа бод на Е.Пелистер на стартот на сезоната, имаат пет победи и само еден пораз, додека на другата страна избраниците на Данило Брестовац имаат четири победи, реми и два порази. И двата тима во минатото коло забележаа убедливи победи.

„Со Е.Пелистер секогаш играме неизвесни натпревари. Знаеме што не чека, затоа ќе мора да дадеме максимум за да оствариме победа која е важна за продолжение на првенството“, изјави пред мечот Димитар Коцев.

Првата пресметка ја доби Пелистер 2, дома славеше со 28-23, па кавадарчани ќе бараат одмазда.

Половина час подоцна, поточно во 18:30 часот во салата „Билјанини извори“, Охрид го пречекува Бутел. Скопскиот состав има три бода повеќе од противникот во групата А. Ракометарите на Бутел имаат пет победи и два порази, последниот го запишаа во минатото коло од Алкалоид, додека домаќинот има четири победи и три порази. Во Охрид дефинитивно ќе биде неизвесно, првата средба меѓу двата тима заврши со минимален триумф на бутелци.

30.10.2022 – НЕДЕЛА
18:00 часот ГРК ТИКВЕШ 2014 – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – пренос во живо на МРТ
18:30 часот ГРК ОХРИД – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ
ПретходноФламенго го освои Копа Либертадорес: Габигол му ги расипа пензионерското славје на Сколари
СледноПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Првото дерби за Баскет Кам!