Милан Илиевски: Големи три бода за Работнички!

309

Работнички денеска на гостувањето кај А. Пандев успеа да победи со 0:2, со головите на Рушевиќ и Гандо, и со тоа да освои големи три бода. Од овој триумф и секако сите три бода своето задоволство го изразува и стратегот на “романтичарите“ Милан Илиевски кој за “Спортмедиа“ истакна:

Големи три бода за Работнички, многу важна победа, но далеку од тоа дека се беше идеално.Најважна е победата, но мене ме импресионира и енергијата и желбата на момците кои ја посакуваа победата и ете, дојдоа до неа. Затоа честитки, тука нема дилеми. Сепак треба да сфатат дека мора да бидат попаметни и да си докажат себе си дека нивните имиња не заслужуваат да бидат каде што се сега на табелата“ посочи Илиевски.

ПретходноИ Слога (В) го понижи Тетекс!
СледноМладите му дадоа црвен картон на говорот на омраза и гласно кажаа: Блокирај ја омразата. Сподели љубов