Мукаетов со едноставно барање до ракометарките: Треба да дадете сѐ од себе и да се борите до крај!

206
Раководството на Ракометната федерација на Македонија, денес имаше средба со сениорките и со стручниот штаб, во пресрет на почетокот на Европското првенство во ракомет за жени, кое ќе се одржува во Скопје, Љубљана, Целје и Подгорица, од 4 – 20 ноември годинава.
„Иако сме мала ракометна нација, можеме да се пофалиме со квалитетни играчи и стратези, но и со громогласна публика и страстни љубители на ракометот. Сѐ што треба да направите, е да дадете сѐ од себе, да бидете посветени и да се борите до крај. Без калкулации и без потклекнување и предавање пред фаворитите, а со борба за секоја топка!“, истакна Мукаетов во своето обраќање пред сениорките и стручниот штаб, потенцирајќи дека Ракометната федерација стои цврсто позади нив и со безусловна поддршка, а со само едно барање – игра со срце на терен.
Ракометарките изразија благодарност за вложените напори на македонската куќа на ракометот – за можноста да играат европско првенство на домашен терен, а со тоа и да го вратат сјајот на женскиот ракомет во земјава.
Женското ЕХФ Европско првенство 2022 се одржува под слоганот #PLAYWITHHEARТ, а Скопје после цели 14 години повторно ќе биде домаќин на европската ракометна елита.
Арената „Борис Трајковски“ е со комплетно обновена спортска инфраструктура, по терк на високите ЕХФ стандарди, наскоро ќе ги пречека екипите кои играат во групата Ц и во главната рунда.

Натпреварите од групата Ц, македонската селекција ќе ги одигра против репрезентациите на Франција (05.11.2022), Холандија (07.11.2022) и Романија (09.11.2022).

ПретходноПрекрасно забивање, ама во погрешен кош! (видео)
СледноИнзаги со историско постигнување со Интер