Таеквондистот Дејан Георгиевски кој и донесе сребрен олимписки медал на Македонија во категорија +80 килограми, беше гостин на женската ракометна репрезентација. Георгиевски добро знае како е да се претставува својата земја на големи натпреварувања, па несебично одлучи да им посака среќа на ракометарките на претстојното Европско првенство кое ќе се одржи во три земји, меѓу нив е Македонија.
Европското првенство стартува официјално на 4 ноември, во Скопје првиот натпревар се игра ден подоцна, Македонија на стартот ќе ги одмери силите со Франција.