ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Првото дерби за Баскет Кам!

87

Првото сезонско дерби во новата натпреварувачка сезона му припаѓа на Баскет Кам 2011. На гостински терен во салата „Независна Македонија“ во Скопје, освојувачот на Купот беше подобар од шампионот Бадел 1862 со 73-67.

Се што стори видно изменетиот соства на „баделки“ е да дојдат до достижни (67:71), на другата страна репрезентативката Тасевска реализираше за потврда на големиот триумф на екипата од Македонска Каменица, која има максимален ефект, односно три победи во исто толку натпревари.

Димова дојде до ефект од 13.поени и 9. скока, Адамовска постигна 12.поени, имаше и 9. асистенции и 5. скока, Тасевска и Николов реализираа по десет. Матие доминираше кај Бадел 1862, дојде до дабл-дабл ефект од 25.поени и 10. скока, го надополни со пет асистенции.  Димитријевиќ постигна 16. поени, имаше и седум успешни додавања, додека пак Лазаревска даде 11.поени.

На ист ефект е и екипата на Вардар, која и во ова коло немаше особени проблеми да доде до победа. Сега на домашен терен против Крива Паланка реализираа со повеќе од убедливи (81:41), доволно за ко-лидерската позиција заедно со Баскет Кам 2011.

До втор успех во новиот шампионат дојдоа и кошаркарките на МЗТ Скопје Аеродром, го совладаа, со убедливи (85:51) тимот на Гризли за ефект (2-1). Втора победа реализира и младата екипа на Струга 2009 како гостин во Кавадарци кај Пробаскет (79:63).

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

ПРВА „А“ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО

Вардар – Крива Паланка           81:41

Бадел 1862 – Баскет Кам 2011 67:73

Гризли – МЗТ Скопје Аеродром         51:85

Пробаскет – Струга 2009           63:79

ТАБЕЛА: Вардар 6, Баскет Кам 2011 6, Бадел 1862 5, МЗТ Скопје Аеродром 5, Струга 2009 5, Гризли 3, Крива Паланка 3, Пробаскет 3;

ИДНО КОЛО (06.11)

Крива Паланка – Баскет Кам 2011

Вардар – Гризли

Струга 2009 – Бадел 1862

МЗТ Скопје – Пробаскет

ПретходноДерби во Кавадарци и во Охрид, домаќините по „одмазда“!
СледноРистовски за предизвикот со Челзи: Тие се европски шампиони, но ќе се бориме до крај!