Пресврт: Македонските куглари во последен момент се пријавија за учество на Светско првенство!

64

Македонската кугларска федерација и покрај безнадежното соопштение во само два дена успеа да направи напор и да пријави учество на Светското првенство во Хрватска. Оваа информација ја потврди на својата официјална страница, уште еднаш апелирајќи до МОК и Агенција за млади и спорт да ги засукаат ракавите и да им помогнат на КФСМ и спортистите.

„Куглањето е магија сама по себе, но она што денес се случи, ретко се гледа во македонскиот спорт. 

Без разлика на тешките услови и донесената конечна одлука на КФСМ да не биде пријавено учество на идното Светско екипно првенство поради финансиски проблеми, денес, македонските кугларски репрезентативци со свои лични средства, обединети во желбата за настап за својата земја, го сменаа текот на настаните. 

Во последен момент од страна на Претседателот на КФСМ беше ургирано во светската кугларска федерација и благодарение на претходните високи достигнувања на македонските репрезентативци е дозволено задоцнето пријавување и МАКЕДОНИЈА ќе ја има на СВЕТСКО. Пријавени се и машка и женска сениорска репрезентација.

Сета оваа челична воља се очекува да биди препознаена од АМС и МОК и очекуваме дека ќе заврши позитивно“, се вели во соопштението на КФСМ.

Ждрепката за групите ќе се одржи денеска во 16.30 во Чешка, а истата ќе може да се следи на следниот линк https://www.youtube.com/watch?v=ZbhpnrMoiN.

Денес беше и презентиран планот и датата за официјалниот пријателски натпревар на машката и женската сениорска репрезентација на Босна и Херцеговина која е веќе закажана на 03 декември на новата куглана во Битола. Тоа ќе биде прва контрола на формата на нашите најдобри куглари и кугларки.

ПретходноПМФЛ: Силекс против забревтаната Шкендија, Шкупи на гости во Ѓорче, Работнички сака да ја продолжи мизеријата на “пандевци“…
СледноКалин Ивановски го освои турнирот во Грција!