Хрватска мора со друг голман на СП, Калиниќ го повреди коленото

181

Голманот на Хајдук и хрватската репрезентација Ловре Калиниќ беше изнесен на носилки во вториот дел од мечот со Локомотива во домашниот шампионат. Голманот на Хајдук ја прими топката, успеа да ја исфрли пред налетот на играч на домашната екипа и легна на тревата со рацете на главата. По укажаната лекарска помош изнесен е на носилки затоа што не можеше да излезе сам.
„Спортске новости“ дознаваат дека се работи за повреда на коленото поради која нема да настапи на Светското првенство во Катар, затоа што го чека пауза најмалку од две недели колку што има до собирот на хрватските репрезентативци.

ПретходноИнзаги со историско постигнување со Интер
СледноMилан поразен во Торино, тоа е супер вест за Наполи (видео)