Со голот на Маркус Рашфорд во 30. минута, екипата на Манчестер Јунајтед предмалку на домашен терен со 1:0 го совлада тимот на Вест Хем. Во меч во кој Кристијано Роналдо се врати во стартниот тим на Јунајтед, домаќинот одигра солидно прво полувреме, но во вториот дел Вест Хем може слободно да се каже дека заслужи да израмни. Сепак, во тоа беше спречен пред се од Давид Де Геа односно Хери Мегваер кој имаа одлична дефанзивна вечер и одбранија три до четири зицер ситуации.
Јунајтед имаше можност преку Фред да го реши победникот на десетина минути до крајот на бразилецот го погоди дирекот со глава.
Со ова Јунајтед дојде до 23. бод сезонава, додека пак Вест Хем остана на своите 14.