Жоржињо со мислите веќе е во Барселона

202

Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Жоржињо повеќе не ја гледа својата иднина на „Стемфорд Бриџ“ и донесе конечна одлука да премине во Барселона следното лето.

Тој ќе може да замине како слободен играч, бидејќи неговиот договор истекува во јуни 2023 година. Засега најавил дека ќе ги одбие сите можни понуди, додека не слушне што ќе му понудат Каталонците.

Менаџерот на играчот, Жоао Сантос, веќе одржал прелиминарни разговори со претставниците на Барселона.

ПретходноЅвездата на Баерн гневна, не комуницира со Нагелсман! (ВИДЕО)
СледноКлоп веќе го договорил првото засилување за Ливерпул во јануари