Ибрахимовиќ: Што ќе ви се Меси, Нејмар и Мбапе, кога го немате богот на фудбалот?

191

Златан Ибрахимовиќ сезонава се уште нема настапувано за италијанскиот шампион Милан поради тешка повреда и опоравување. И покрај тоа, шведскиот напаѓач секогаш е во фокусот на вниманието на јавноста, а своите фанови ги воодушеви со новото појавување во француските медиуми. Ибрахимовиќ во интервју за Канал + ја коментираше ситуацијата во ПСЖ, клубот за кој некогаш настапуваше и за кој постигна вкупно 156 голови.

На прашањето дали му недостига Париз, Златан одговори во свој стил.

„Откако заминав, немате за што да разговарате. Не ми треба Франција, јас ѝ требам на Франција. Што ќе ви се Меси, Нејмар и Мбапе кога го немате богот на фудбалот? рече тој.

На прашањето за крајот на кариерата, тој рече:

“Не размислувам за пензија, мислам дека крајот не е близу. Се додека можам да дадам нешто, сакам да играм. Во моментот кога се повлекувам , Сакам луѓето околу мене да бидат искрени и да ми кажат дека повеќе не можам да помогнам. Тогаш ќе бидам реален“.

ПретходноЕмил Божиновски ќе биде контролор на дуелот Јувентус – ПСЖ!
СледноБез Димитријевиќ и Јакимовски – шанса за помладите!