Рома со пресврт до победа над Верона, Абрахам се „изрезили за сите пари“ (ВИДЕО)

207

Младиот 18-годишник Кристијан Волпато и искусниот Стефан Ел Шарави, со два гола во последните минути на мечот и ја донесоа осмата сезонска победа на Рома, откако вечерва „волчицата“ славеше со 3:1 на гостувањето кај Верона. Еден од трите најслаби состави во Серија А сезонава, прв поведе со голот на Давидович во 27. минута, но истиот фудбалер само десетина минути подоцна доби црвен картон и ги остави на цедило своите соиграчи.

Рома во завршницата на првиот дел дојде до израмнување со голот на Заниоло, а во второто полувреме имаше доминација, која ја капитализираше со голот на младиот Волпато во последната минута од регуларниот дел. По овој гол, Ел Шарави во 92. минута погоди и за конечни 3:1.

За одбележување е и неверојатното промашување на Тами Абрахам, кој не успеа да погоди празен гол во првото полувреме при водство на домашните од 1:0.

Со оваа победа „волчицата“ скокна на на 4. место на табелата.

ПретходноПелистер тренираше во Порто, Пешевски предупредува: Мора да бидеме трпеливи во нападот!
СледноАгентот потврди: Погба нема да игра на СП во Катар