Њукасл е подготвен да плати 50 милиони евра за голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген. „Страчките“ му нудат на германскиот голман бланко чек, во кој тој сам треба да ја внесе платата која му одговара.
Барселона не е подготвена да го пушти својот прв голман, но може да се согласи да го продаде за да ги реши финансиските проблеми. Тер Штеген се пресели во Барселона во 2014 година. На 17 натпревари оваа сезона, на 10 ја задржа мрежата празна.