Агентот потврди: Погба нема да игра на СП во Катар

134

Агентот на Пол Погба, откри дека играчот нема да игра за Франција на Светското првенство во 2022 година.

„Пол сакаше да се врати што е можно поскоро, но мора да биде трпелив, да работи напорно во овие тешки моменти и да направи се што е можно за да го забрза неговото враќање за навивачите и тимот“, рече неговиот агент.

29-годишниот француски фудбалер оваа сезона нема одиграно официјален натпревар поради повреда на менискусот и операција која следуваше откако претходно се здоби и со повреда на мускулот на бутот.

ПретходноРома со пресврт до победа над Верона, Абрахам се „изрезили за сите пари“ (ВИДЕО)
СледноЅвездата на Баерн гневна, не комуницира со Нагелсман! (ВИДЕО)