Без Димитријевиќ и Јакимовски – шанса за помладите!

266

Македонската кошаркарска репрезентација во ноемврискиот прозорец во претквалификациите за ЕП 2025 година против Норвешка и Данска нема да може да смета на Ненад Димитријевиќ и Андреј Јакимовски, двајца кошаркари кои одиграа добри мечеви против Данска и Словачка.

Димитријевиќ не може да дојде од Русија која е исклучена од ФИБА, додека пак Јакимовски кој е во Америка, има обврски во НЦАА-лигата.

„Нено е најдобар кошаркар, нема да може да дојде поради тоа што игра во Русија. Тој има голема желба да дојде, но не може. Русија е во војна со ФИБА, не го пуштаат да дојде. Јакимовски е во Америка, исто овој пат и покрај големата желба не може да дојде во Македонија. Ова ќе биде шанса за помалдите кошаркари“, изјави спортскиот директор, Марјан Србиновски.

Според поранешниот кошаркар во овој момент кошаркарска Македонија не ја гледа на нивото на кое беше многу години наназад, но верува дека со напорна работа, може да го подигне квалитетот.

„Не гледам дека ќе бидеме како што бевме порано, потребна е многу работа, како во клубовите, така и ние во федерацијата. Мора да работиме со тренерите и играчите“, рече Србиновски во „Голден Карпет“.  

Македонија на 10 ноември во Гевгелија ја пречекува Норвешка, три дена подоцна е мечот со Данска, исто во овој град.

ПретходноИбрахимовиќ: Што ќе ви се Меси, Нејмар и Мбапе, кога го немате богот на фудбалот?
Следно“Среќна 13-ка“ – Буштур како освојувач, обединувач…