Игор Ангеловски и денеска не му се израдува на првиот триумф како тренер на Горица во меч од ХНЛ. Екс – селекторот продолжува со ужасните резултати, денеска на свој терен неговата Горица ремизираше со Славен Белупо со 1:1, иако треба да се каже дека гостите цели 75 минути беа со играч помалку.
Но, ете, ни тоа не му е доволно на Ангеловски за прв триумф. Ова беше негово второ реми во деветтиот меч со што неговиот тим сега е убедливо на последното место на табелата.
Дали на повидок е отказ, ако се знае дека раководството на Горица неофицијално му достави ултиматум дека на последните два меча мора барем еднаш да победи, со Хајдук и Славен Белупо, а Мрме тоа не го стори, без разлика на јавната поддршка од страна на првите луѓе во клубот.
Ова е премногу, па макар да е и од Ангеловски.