Во последното коло од Лигата на Шампионите, кое се игра утре и задутре, ќе има наши претставници, барем кога се во прашање контролорите на судењето.
Па така Емил Божиновски ќе биде контролор на судењето на мечот меѓу Јувентус и ПСЖ, меч кој се игра в среда со почеток од 21 часот во Торино.
Тој ќе го „контролира“ делењето на правдата на судиската тројка од Шпанија и тоа Карлос Дел Геро Гранде (главен), Диего Барберо Севиља и Гвадалупе Порас Аусо, сите од Шпанија.