Клоп веќе го договорил првото засилување за Ливерпул во јануари

322

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, кои и покрај очајниот почеток на новата сезона ја има комплетнат аподдршка на раководството на „црвените“, по се изгледа, го договори првото засилување за јануарскиот преоден рок. Ако им се верува на англиските извори се работи за играч од средниот ред кој доаѓа од Бундеслигата.

Шпекулациите велат дека во прашање е играчот од средниот ред на Ред Бул Лајпциг, Конрад Лајмер, кој исто така долго време е на листата на желби на Баерн, но кариерата ќе ја продолжи во Англија. Договорот на Лајмер со Лајпциг истекува во летото 2023 година, па ова би било совршено време да го продадат доколку сакаат да заработат пари.

Наводно, се е договорено, а Лајмер во јануари ќе стане фудбалер на Ливерпул.

Интересно е што и Лајмер моментално е повреден, но до јануари треба да се опорави и да биде подготвен за вториот дел од сезоната.

ПретходноЖоржињо со мислите веќе е во Барселона
СледноЊукасл му нуди бланко чек на Тер Штеген за да се пресели на „Ст. Џејмс Парк“