Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп нема да прави сериозни промени во составот за утрешниот натпревар со Наполи во Лигата на шампионите. „црвените“ треба да победат со разлика од три гола или повеќе, за да го изместат Италијанците од врвот во групата А во ЛШ. Тимот на Лучано Спалети победи на сите пет натпревари во групата и имаат серија од 13 победи по ред во сите натпреварувања.
„Натпреварот со Лидс беше многу брзо и не сум свесен за состојбата на некои играчи. Не сакаме да ризикуваме, но Наполи е во неверојатна форма и игра неверојатен фудбал. Веројатно тим во најдобра форма во Европа. Ова не е меч за сериозни ротации“, изјави Клоп.
Тој додаде дека Џоел Матип нема да биде на располагање, но во составот за натпреварот ќе биде Ибрахима Конате.
„Во групната фаза најважно е да се оди напред. Сите знаат што прави Наполи. Заедно се бранат и имаат одлични контра напади. Доколку Наполи продолжи да игра на овој начин, има шанси да стигне до финалето на Лигата на шампионите“, додаде Германецот.