КФСМ ангажираше уште еден Американец ама го крие?!

932

Македонската кошаркарска репрезентација во иднина ќе биде поткрепена, не со еден туку двајца Американци, секако во зависност од составот кој ќе му биде ставен на располагање на селекторот.

Името на едниот натурализиран Македонец, КФСМ денеска го објави на својата официјална страница. Станува збор за Ти Џеј Шортс, него ќе го видиме на дуелите против Норвешка и Данска, на 10. односно на 13. ноември во Гевгелија, во рамките на претквалификациите за ЕП 2025 година.

Станува збор американски плејмејкер кој од пред неколку месеци е член на бундеслигашот Телеком Бон, а и претходните две сезони играше во германското првенство.

СПОРТМЕДИА дознава дека вториот Американец игра на центарската позиција. Неговото име е Итан Хап, роден е на 7 мај 1996 година, висок е 2.08 см. Тој настапува за Рио Бреоган од шпанската лига АЦБ. Тој е водечки скокач на сите времиња за Висконсин Беџерс. Хап е еден од шесте играчи во историјата на НЦАА-лига кој забележал најмалку 2.000 поени, 1.000 скока и 400 асистенции.

Има играно за Олимпијакос, Болоња, Динамо Сасари и Лудвигсбург. Во 2019 година пред да дојде во грчкиот клуб, откако не беше избран на НБА драфтот, потпиша договор за Чикаго и настапуваше во летната НБА-лига, по што се пресели во Олимпијакос.

Овој кошаркар ќе го видиме кога на плејмејкерската и бековските позиции ќе го имаме Ненад Димитријевиќ и Андреј Јакимовски.

ПретходноДеветти меч без триумф: Ангеловски со Горица продолжува по старо, на повидок е отказ!
СледноПелистер без Кизиќ против Агуас Санташ