Лоша вест за Франција: Дефинитивно остана без еден од клучните играчи пред Мундијалот!

443

На само три недели до почетокот на Мундијалот, Пол Погба заработи нова повреда и сега е сигурно дека нема да игра на Мундијалот во Катар. Италијанската новинарка Фабијана Дела Вале ја пренесе веста дека Французинот почнал да тренира со првиот тим на Јувентус, но веднаш повторно се повредил.

Сега се работи за повреда на бутниот мускул која ќе го оддалечи од терените повеќе од десет дена, што значи дека ќе му преостанат најмногу две недели да се кондитира и да заигра за Франција, што е тешко за верување.

Одамна е познато дека поради претходна повреда кога ја скрши метатарзалната коска, Погба нема да игра за Јувентус до 2023 година, но Французинот се надеваше дека навреме ќе закрепне за Катар, каде „триколорите“ ја бранат титулата освоена четири.

Погба се надева дека селекторот Дидие Дешан ќе го однесе на турнирот во случај да се процени дека може да се приклучи на тимот по групната фаза на натпреварувањето, како и фактот дека ростерот за Светското првенство сега ќе го сочинуваат 26 играчите му ја олеснуваат ситуацијата.

Јувентус се надева дека оваа повреда ја има само поради премногу тренинзи, но бидејќи е веќе трета што ја доживеа откако се врати во „Старата дама“, големо прашање е во каква состојба и кога ќе се врати на теренот.

ПретходноНова брутална партија на Дончиќ, Јокиќ не беше доволен – Лејкерси до прва победа (ВИДЕО)
СледноРоналдо смета дека враќањето во Јунајтед било катастрофа!