По поразот во АБА-лига на МЗТ Скопје добро му дојде домашниот шампионат, поточно дуелот со Академија ФМП за враќање на победничкиот дух во составот, кој е тешко да се одржува во јадранското натпреварување, бидејќи за таму треба многу повеќе.
Па, Александар Петровиќ против неговиот екс-тим ја запиша третата победа во Првата лига, неговите момци славеа со 77-58. На оваа средба дел од кошаркарите добија одмор за да бидат посвежи за Морнар, меч кој ќе мора да се добие.
Во првата четвртина отвори со 20-7, на истекот на десетата минута беше 24-12. Академија ФМП одигра нешто подобро во вториот период, но не доволно, на одморот имаше негатива од 41-24. Победата актуелниот македонски првак ја потврди во третиот период кој го доби со 24-10 и до крајот рутински ја одработи домашната задача.
Пандев ја искористи својата шанса постигна 12 поени, 11 имаше Магдевски, пет асистенции и седум скока, додека десет запиша Андоноски, Мекиќ и Робев постигнаа по девет поени. На другата страна Коскоски постигна 14 поени.