Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ има старт од соништата во ВТБ-лигата, а Уникс Казан дефинитивно го донесе едно од најдобрите засилувања оваа сезона.
Димитријевиќ прерасна во лидер во редовите на рускиот тим, тој е причината за победите оваа сезона, вкупно шест во исто толку одиграни натпревари, скор кој го има уште ЦСКА предводена од Емил Рајковиќ.
Нено минатото коло постави рекорд во ВТБ-лигата со 12 асистенции во победата над МБА. Засега најдобриот македонски кошаркар е единствениот играч кој во еден меч успеал да дојде до оваа бројка на додавања.
Претходно ова остварување беше во сопственост на Томас Хеуртел од Зенит, имал 11 асистенции против Парма.
И не е само ова, до шестото коло Нено е четвртиот најдобар кошаркар во ВТБ-лигата.