Нова брутална партија на Дончиќ, Јокиќ не беше доволен – Лејкерси до прва победа (ВИДЕО)

263

Лука Дончиќ е незапирлив. Далас го совлада Орландо со 114-105 благодарение на новата одлична партија на Словенецот. Овој пат постигна 44 поени, додаде пет асистенции и три скока и на својот тим му ја донесе третата победа оваа сезона. Покрај него добра игра пружи и Хардавеј, кој запиша 21 поен. Кај Орландо Банкеро имаше 18 поени.

Никола Јокиќ имаше дабл-дабл против Лејкерски, но тоа не беше доволно за радост. Тимот од ЛА дојде до првата победа против Денвер од 121-110. Српскиот центар постигна дабл-дабл од 23 поени и 14 скока, додаде уште 6 асистенции.

Во редовите на Лејкерси, Леброн Џејмс имаше 26 поени, 6 скока и 8 асистенции, зад него беше Дејвис, исто запиша дабл-дабл и тоа од 23 поени и 15 скока. Вокер и Веструк имаа по 18 поени.

Резултати: Сан Антониот – Минесота 107-98, Далас – Орландо 114-105, Феникс – Хјустон 124-109, ЛА Лејкерс – Денвер 121-110, Детроит – Голден стејт 128-114, Кливленд – Њујорк 121-108, Бостон – Вашингтон 112-94.

ПретходноМакедонија казнета со 10.000 евра за исвиркување на бугарската химна!
СледноЛоша вест за Франција: Дефинитивно остана без еден од клучните играчи пред Мундијалот!